ФК Велазерими: Кој го одреди Јосип Бартон, да го запре нашиот налет? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ФК Велазерими: Кој го одреди Јосип Бартон, да го запре нашиот налет?

ФК Велазерими: Кој го одреди Јосип Бартон, да го запре нашиот налет?

Македонскиот второлигаш Велазерими, по натпреварот со Пелистер (1-1) испрати свое соопштение до јавноста, во кое се наведени и неколку сегменти за арбитражата на главниот судија Јосип Бартон. Соопштението го објавуваме во целост:

По натпреварот што се одигра во рамките на 19. коло , Управниот Одбор на ФК “Велазерими” од Кичево , одржа седница при што пристапи на анализа на се то тоа што се случи на саботниот натпревар со екипата на ФК “Пелистер”, на која средба главен судија беше Јосип Бартон од Скопје. На истата се донесоа неколку заклучоци:

1.  Најпрвин јавно ги прашуваме надлежните во ФФМ, кој и зошто го смени претходно одредениот судија да го суди саботниот натпревар и преку ноќ да биде одреден да суди токму Јосип Бартон.

2. Главниот судија Јосип Бартон на ова средба на неколку наврати тешко и тендециозно го оштети нашиот клуб , при што ние сметаме дека неговото судење на директен начин влиаеше на конечниот резултат. 

3. Се плашиме сето тоа да не е кординирано и со намера да се запре клубот во натамошното напредување имајќи предвид дека ние веќе девет натпревари не знаеме за пораз, па така можеби сме расипале некои однапред режирани работи, и станавме трн во око, па затоа намерно бил пратен Бартон за да се запре налетот на нашиот клуб.

4. Ние токму поради овоие причини решивме оштро и јавно да го изразиме нашиот гнев, и да изразиме сомнежот дека некој сепак му работи зад грб на нашиот клуб.

5. Ние сериозно размислуваме дали вреди да се трошаат труд и средства за да се натпреваруваме во првенство каде ќе судаат судии од типот на Бартон.

6. Овој протест нека биде последно предупредување до надлежните во ФФМ, во спротивно ние сериозно размислуваме да го напуштиме првенството за да бидаат “раат” оние на кои им сметаме како клуб.

7. На овој натпревар присуствуваше и градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, кој исто така се придружува на овој јавен протест, бидејќи и тој како и ние ја виде неправдата што му се случи на нашиот  клуб.

8. Се надеваме дека овој јавен протест ќе наиде на разбирање кај надлежните органи и серионо ќе го земаат предвид за во иднина да не ни се случуваат вакви работи, кој сепак се на штета на фудбалот. Со спортски поздрав, и со надеж дека ќе биде објавен во вашиот ценет медиум!

Од Управата на ФК “Велазерими” од Кичево

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.