ФК Пелистер ќе стане „турски авион“?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ФК Пелистер ќе стане „турски авион“?!

Македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер до крајот на јуни треба да добие нови сопственици, а се претпоставува дека тоа ќе бидат турски инвеститори. Со оглед дека општината на Град Битола, речиси идентично како и при продажбата на Вардар од страна на Град Скопје, објави оглас за купување на комплетот акции на ФК Пелистер, се очекува најдоцна до 23 јуни да биде познат и новиот сопственик на „зелено-белите“.

Во Битола се почесто се споменуваат познатите турски компании „Туркиш Ерлајнс“ и „Ефес“, како помагатели на идните инвеститори во ФК Пелистер. Доколку овие најави се остварат, тогаш клубот би бил продаден преку комплетен пакет акции кои ќе имаат вредност од 20.000 евра, а новите сопственици би се обврзале секоја наредна сезона да вложуваат најмалку по 500.000 евра.

Пелистер ќе добие ново раководство и нов стручен штаб, а потоа веднаш ќе се тргне во акција за задржување на актуелните фудбалери, но и за ангажман на нови засилувања кои би пристигнале под „Тумбе кафе“. Новото раководство, доколку се остварат најавите, треба да има добри релации со турскиот гигант Галатасарај, па можно е и некои млади турски фудбалери да дојдат на позајмица во битолскиот клуб.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.