ФК ФАМОС, школата која произведува фудбалски таленти! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ФК ФАМОС, школата која произведува фудбалски таленти!

Спортска Македонија изминатава година беше збогатена со уште еден фудбалски проект, школата на ФК ФАМОС кој полека но сигурно вистински го освојува фудбалскиот простор во главниот град.

Приказната за оваа фудбалска школа, која егзистира од 1. ноември 2012 година на територијата на општина Аеродром или поточно во Ново Лисиче, започнува кога од страна на сегашниот кординатор на школата тренерот Оливер Младеновски, поранешен фудбалер на Цементарница и Слога Југомагнат беше формирана истата…

„Буквално започнавме од нула. Меѓутоа посветеноста, професионализмот како и педагошкиот пристап кон фудбалот овозможија за релативно краток период од една година да формираме сериозна и конкурентна фудбалска школа која со полно право можеме да кажеме дека е една од поорганизираните приватни школи во моментов во државава – вели Младеновски.

fk famos

Во моментов во школата има повеќе од 60 дечиња на возраст од 4 до 11 години. Работат тројца тренери, покрај Оливер Младеновски како координатор, и Тони Богдановски и Марко Ѓорѓевиќ, и како тренер за голмани Петар Баснарков. Сите тренери поседуваат тренерска лиценца за работа со млади категории.

„Максималната посветеност кон работата доведоа до тоа за само една година веќе да организираме и летни и зимските фудбалски кампови за нашите фудбалери“ – велат од ФК Фамос.

А, веќе се постигнати и повеќе од завидни резултатски успеси, меѓу кои од школата ги издвојуваат третото место на меѓународниот турнир во Охрид со генерацијата 2005 и тоа во конкуренција на екипи од Србија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и екипи како ЦСКА Софија, Кикер Кралјево, Белесников, Нови Сад, Вардар, ЛГ Битола, Работнички…

 fc famos

ФК Фамос е постојан учесник во Детската лига на ФФМ со генерациите 2003, 2004 и 2005, каде веќе се запишуваат забележителни резултати пред се со генерацијата 2005 со која се уште се нема пораз.

Нашиот клуб не е финансиран од никого, се финансираме од членарина, чудно но вистинито, а сето ова погоренаведено се надеваме е еден добар мотив за идна подобра и поуспешна работа. Секако, за нас е повеќе од значајна довербата која ни ја укажуваат сите родители кои ни ги доверија дечињата, надевајќи се дека задоволството од меѓусебната соработка е обострано – истакнуваат од фудбалската школа ФК Фамос.

За оваа година од школата предвидуваат настапи на уште три турнири, од кои еден е надвор од државата, како и организацијата на традиционалниот летен камп во Охрид.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.