Фирмино обвинет за расизам, ФА отвори истрага - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Фирмино обвинет за расизам, ФА отвори истрага

Фирмино обвинет за расизам, ФА отвори истрага

Роберто Фирмино се соочува со опасност за долга суспензија откако ФА отвори истрага дали имало расистички навреди за време на инцидентот од првото полувреме кога Бразилецот на Ливерпул влезе во конфликт со дефанзивецот на Евертон, Мејсон Холгејт.

Се почна кога Холгејт го турна Фирмино директно во публиката при еден дуел крај аут-линијата. Асот на Ливерпул бесно стана и влезе во конфликт со противничкиот играч. Судијата Боби Медли застана меѓу нив, а во еден момент Холгејт почна бурно да реагира, обвинувајќи дека бил расистички навредуван од страна на голгетерот на „црвените“.

Главниот судија реши да не санкционира ништо, но англиските медиуми обелоденија ека тој по мечот се сретнал во четири очи со Холгејт, додека ФА поради сериозноста на обвиненијата решила да покрене сопствена истрага.

Телевизиите кои вршеа пренос веднаш се појавија со сопствени анализи, според кои воопшто не станувало збор за расизам. Читајќи од усните на Фирмино, тој го нарекува Холгејт „Loco” (лудак) и  ‘filha du puto’ (ку…н син). Сепак, обвинувањата се максимално сериозни, па затоа ФА во следните денови ќе земе изјави од сите засегнати страни, по што ќе излезе со соопштение за целиот случај.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.