ФИФА: Футсал селекцијата, тим на годината во светот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ФИФА: Футсал селекцијата, тим на годината во светот

ФИФА ја прогласи футсал репрезентацијата на Македонија за најдобар тим во светот за 2011 година во футсал. Ова избраниците на селекторот Васко Скендеровски го заслужија со одличните игри во претходните квалификации за ЕП, по што се избори за елитни квалификации во Полска. Во пријателските дуели со Полска кои неодамна се одиграа во Велес и во Скопје, исто така Македонија двапати победи, па изборот на ФИФА воопшто не е случаен.      

 

Македонија направи скок на ФИФА листата од цели 16 места и сега се наоѓа на 39. позиција во светски рамки. На ранкинг листата на УЕФА се наоѓа на 20 место и бележи скок од 7 позиции.  

 

„Доколку ги задржиме овие позиции, за првпат ќе се најдеме во третиот барабан по квалитет при извлекувањето на групите за ЕП. Тоа е многу важно за нас“ – вели Васко Скендеровски.   

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.