ФИБА Европа: Победата на Македонија над Литванија меѓу најмоментите на годината! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ФИБА Европа: Победата на Македонија над Литванија меѓу најмоментите на годината!

Македонската кошаркарска репрезентација е меѓу екипите кои и според ФИБА Европа ја одбележаа изминатава 2011 година на кошаркарски план на Стариот континент.

 

Меѓу 14 најзначни моменти кои од оваа 2011 година засекогаш ќе останат запаметени во историјата на европската кошарка, ФИБА Европа ја сместува и победата на нашиот национален тим против домаќинот Литванија на Евробаскетот 2011 по која дефинитивно „црвено-жолтите“ се сместија меѓу најдобрите европски кошаркарски нации.

 

„Чудото на Бо Мекејлеб и другарите“ е насловот под кој ФИБА Европа го издвојува извонредниот наш триумф од 16 септември со кој го насочивме светското внимание.

 

„Бо Мекејлеб и неговите соиграчи ја шокираа Европа со извонредната победа против домаќинот обезбедувајќи полуфинале на Евробаскетот. Македонија подоцна во полуфиналето загуби од Шпанија, како и од Русија во борбата за третото место, но ништо не може да го избрише фактот дека нивната победа над Литванија е едно од најголемите спортски изненадувања на сите времиња“ – пишува ФИБА Европа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.