Топ Вести

- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 2 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 2 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 2 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 2 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 2 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 2 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 2 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 2 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 2 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 2 години
ФФМ одлучи: Тетекс ќе игра шест меча без публика, на Шкендија и се одземаат три бода
- '
- Објавено: јануари 15, 2013 17:50
Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлуки за прекинатиот натпревар од последното есенско коло меѓу Тетекс и Шкендија. Фудбалскиот клуб Тетекс кој беше домаќин на овој меч на стадионот во Ѓорче Петров, поради пропусти во организацијата ќе мора да игра на шест меча (првенствени или куп) без публика, а на Шкендија и се одземени три бода и сега има 26 бода на првенствената табела во Првата лига.
Донесени се и одлуки за парични казни за двата клуба. Тетекс е казнет со парична казна од 4.500 евра поради фрлање на пиротехнички средства, пластични и други видови на тврди предмети и неовластено влегување на терен..Шкендија е казнета со парична казна од 2.500 евра поради неоправдано напуштање на теренот и непродолжување на натпреварот, со што е предизвикан прекин на истиот.
Претставникот на Шкендија, Фикрет Шаќири е казнет со забрана на вршење на било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 12 месеци. Сопрена е поведената дисциплинска постапка против Артим Шаќири, шеф на стручен штаб на Шкендија од Тетово поради немање на докази. Сопрена е и поведената дисциплинска постапка против Мухамед Усеини, капитен на Шкендија, поради немање на докази.
Advertisement
Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.