Фетел царуваше и во Белгија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Фетел царуваше и во Белгија

Дека Себастијан Фетел е незапирлив за ривалите се потврди и на трката за Големата Награда на Белгија, што денеска се возеше на патеката Спа. Актуелниот светски првак уште еднаш ја покажа својата висока класа, возејќи беспрекорна трка и сосема заслужено стигнувајќи до нов триумф, со кој што направи уште еден чекор кон одбрана на ланската круна.

 

Фетел ја почна трката како првопласиран, најпрвин беше минат од Розберг, но брзо се врати на чело. Потоа поради проблеми со гумите младиот Германец на кратко падна на четвртата позиција, но со одлично возење тој успеа да се врати на чело на колоната и да не им дозволи на противниците да го минат до крајот на трката. Ова беше седма победа на Фетел сезонава, со што Германецот ја прекина „црната серија“ од три трки без триумф од почетокот на летото. 

 

На второто место се пласираше тимскиот колега на Фетел, Марк Вебер, додека третопласиран беше Џенсон Батон на Мекларен Мерцедес. Фернандо Алонсо ја заврши трката како четвртопласиран, а зад него се најдоа тројца Германци, Михаел Шумахер, Нико Розберг и Адријан Сутил. Луис Хамилтон загуби нови значајни бодови во трката за што подобра позиција во генералниот пласман откако излета од патеката во 13. круг по судирот со Кобајаши. 

 

Во генералниот пласман во водство е Себастијан Фетел со
259 бодови, пред Марк Вебер со 167 бода и Фернандо Алонсо со 157 бода.
 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.