Фетел: Догодина почнуваме од нула - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Фетел: Догодина почнуваме од нула

Себастијан Фетел не лета во облаци по освоената титула во Формула 1 шампионатот и порачува дека во следната сезона сигурно ќе има потешка задача да стигне до трофејот. Германецот имаше неверојатна сезона триумфирајќи на 11 трки, освојувајќи 15 пол-позиции на 19 трки, па сега со нетрпение го очекува стартот од новата сезона. 
 
Догодина се почнува од нула, резултатите од оваа сезона нема да се бројат и ќе морам одново да се борам ако сакам да стигнам до шампионскиот трофеј. Во моментов најважно ми е да се одморам, да ги наполнам батериите бидејќи сум свесен за големината на предизвикот пред мене. Работевме напорно на новиот болид, таа работа ќе продолжи и по новогодишните празници, убедени сме дека повторно ќе бидеме максимално конкурентни. Не ми се верува дека доминацијата ќе биде иста како во 2011 година, но сигурно дека се надевам на нова титула“ – изјави Фетел.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.