Фени и. си поигра со Пелистер, искуството на Работнички пресудно против Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Фени и. си поигра со Пелистер, искуството на Работнички пресудно против Вардар

Фени и. си поигра со Пелистер, искуството на Работнички пресудно против Вардар

По десет одиграни кола во домашното кошаркарско првенство Фени индустри и Работнички се на врвот на табелата со само еден пораз и по девет победи, двете запишани денес. Кавадарчани го нагостија Пелистер и го испратија назад в Битола со само еден бод запишувајќи победа од 88-51 (16-9, 21-18, 28-16, 23-8) додека „центарци“ славеа на гости кај соседите Вардар со 73-82 (17-17, 18-28, 23-19, 15-18).

Љупчо Малинков првпат по нешто повеќе од еден месец го имаше капитенот на тимот на располагање. Искусниот центар Кире Николовски по подолга пауза се врати во составот и можеше да им помогне на своите соиграчи да стигнат до нов триумф. Уште на почетокот на натпреварот разликата во квалитети беше очигледна за што и зборува огромната разлика со која кавадарчани победија на крајот. Четири кошаркари беа двоцифрени во победничкиот табор. Пајиќ беше лидер со 13 поени, Ѓекиќ постигна 12 додека Магдевски и Петровски запишаа по 11 поени. За Пелистер двоцифрен беше единствено Фил со 16 поени.

Само пет кошаркари од Работнички успешно реализираа поени, но искуството на Чековски, Мираковски, Илиевски и Мишановиќ беше пресудно на денешниот натпревар. Иако „центарци“ беа фаворити пред денешната средба, младите кошаркари на Вардар не се предадоа лесно. До 10. минута резултатот беше изедначен, а потоа домаќините не можеа да го фатат ритамот на расположените шутери на спротивната страна. Мираковски и Ефремовски двапати беа прецизни од далечина за првата двоцифрена разлика (19-29) која лесно ја одржаа до крајот на првиот дел од натпреварот. Се чинеше како избраниците на Марин Докузовски ќе имаат лесна задача и во вториот дел, но младите домаќини им ги збришаа тие мисли. Вардарци беа израмнети противници, се доближија и на ’минус три’ (64-67, 66-69), но во финишот искуството на страната на Работнички. Мишановиќ и Чековски погодија кога на „центарци“ им требаше самодоверба за да го довршат натпреварот.

Илиевски со 20 поени, Мишановиќ со 18, Мираковски со 15, Ефремовски со 14 и Чековски со 15 поени беа двоцифрени во Работнички. Кај Вардар најмногу се истакнаа Зекири со 17 поени и девет скокови, Робев постигна 12 поени, Митев – 11 поени, двоцифрени беше уште Адекунле и Лефкоски со по 10 поени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.