Федерер: Нереално е да играм така добро како во 2017 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Федерер: Нереално е да играм така добро како во 2017 година

Федерер: Нереално е да играм така добро како во 2017 година

Роџер Федерер пред дванаесет месеци беше отпишан од битката за тронот, но Швајцарецот со низа фантастични настапи дојде на чекор до врвот од АТП-листата, завршувајќи ја 2017 како второрангиран светски тенисер. Одморот од два месеци беше добредојден за Федерер да ги наполни батериите, но големиот ас сепак не е преголем оптимист кога станува збор за повторување на одличните резултати и во новата 2018 година.

Лани приказната беше поинаква, добро се подготвив и никој не знаеше што да се очекува. Сега ситуацијата е поинаква, исто така добро се подготвив, но сега очекувањата на сите се многу поголеми. Искрено кажано, нереално е да играм така добро како во 2017 година. Сепак, не си создавам притисок, ќе одам меч по меч, турнир по турнир и ќе видиме како ќе се одвиваат работите“ – изјави Федерер.

Швајцарецот во 2017 година освои седум турнири, меѓу нив два гранслем турнири, на 57 меча претрпе само пет порази, а првиот огромен предизвик ќе биде Австралија опен во јануари, кога Федерер ќе ја брани титулата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.