Федерер го израмни рекордот на Агаси - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Федерер го израмни рекордот на Агаси

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер во првото коло од гранслем турнирот УС Опен лесно излезе на крај со Колумбиецот Сантијаго Џиралдо, победувајќи го со 3-0 во сетови (6-4, 6-3, 6-2). Во второто коло ќе се сретне со Израелецот Дуди Села.

 

Федерер така тргна во лов на првиот гранслем по 30-годишна возраст, што последен пат му успеа на Андре Агаси, кој во 2003 година триумфираше на Австралија Опен на возраст од 32 години и 272 дена. Но швајцарскиот тенисер успеа да го достигне Агаси по бројот на победите на гранслем турнирите, вкупно 224. Прв на оваа листа е Џими Конорс (233), а Федерер сигурно и него ќе го надмине до крајот на кариерата.

 

И покрај лесната победа во првото коло, Федерер истакна дека не е задоволен од подлогата на УС Опен затоа што таа е премногу бавна.

 

„Не сум сигурен дека ова е тоа што му е потребно на тенисот. Мислам дека на тенисот му се потребни различни брзини на топчето на гранслем турнирите. Сега кога и на УС Опен топчето оди премногу бавно, овој турнир многу наликува на Австралија Опен“ – изјави Федерер, алудирајќи дека тоа им носи одредена предност на неговите главни конкуренти Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

 

Резултати: Федерер (3) – Џиралдо 6-4, 6-3, 6-2, Фиш (8) – Камке 6-2, 6-2, 6-1, Монфилс (7) – Димитров 7-6, 6-3, 6-4, Чилиќ (27) – Харисон 6-2, 7-5, 7-6, Томиќ – Јани 6-3, 6-4, 6-4, Бердих (9) – Јуан 6-2, 7-6, 6-1, Типсаревиќ (20) – Генсе 6-2, 7-5, 6-0, Лиодра (29) – Ханеску 2-6, 6-4, 6-4, 3-6, 6-2, Гаске (13) – Стаховски  6-4, 6-4, 6-0, Карловиќ – Гонзалез 6-4, 6-4, 7-6, Гранољерс (31) – Малис 6-4, 6-4, 6-4, Долгополов (22) – Џил 6-4, 6-2, 7-5, Штепанек (23) – Колшрајбер 6-4, 6-1, 6-3, Фала – Троицки (15)  3-6, 6-3, 4-6, 7-5, 7-5…     

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.