
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Фалкао пристигна во Мадрид
- '
- Објавено: август 19, 2011 22:00
Навивачите на Атлетико Мадрид имаат причина да бидат задоволни откако управата на клубот ги искористи парите од продажбата на Серхио Агуеро за на „Висенте Калдерон“ да го доведе Радамел Фалкао. Колумбискиот интернационалец лани имаше неверојатна сезона во дресот на Порто, па не е изненадување што неговата цена осетно се зголеми и Атлетико мораше да плати огромни 40 милиони евра за да го доведе во своите редови. Фалкао веќе пристигна во Мадрид и на аеродромот во шпанската престолнина беше пречекан од стотици фанови на Атлетико, на кои им вети многу погодоци во црвено-белиот дрес.
– Атлетико Мадрид е голем клуб, а Ла лига е најквалитетното првенство во светот. Горд сум што доаѓам овде, знам дека Атлетико плати многу пари за да ме ангажира, тоа е само обврска повеќе за мене експресно да се покажам во вистинско светло и да почнам да ги тресам мрежите на противниците – беше првата изјава на Фалкао по слетувањето во Мадрид.
Информациите од Шпанија говорат дека Атлетико Мадрид се подготвува да го продаде Диего Форлан, а како најново засилување на мадридскиот тим се најавува бразилскиот плејмејкер Диего, кому му се избројани деновите во Волфсбург.