Фалангата доби засилување: "Сити Парк Бојси" го "запалија" Краков (ФОТО+видео) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Фалангата доби засилување: “Сити Парк Бојси” го “запалија” Краков (ФОТО+видео)

Фалангата доби засилување: “Сити Парк Бојси” го “запалија” Краков (ФОТО+видео)

Македонската фаланга е секогаш тука за македонските репрезентации без разлика за каков натпревар станува збор, а нашите ракометни репрезентативци вечерва на натпреварот против селекцијата на Хрватска ќе добијат дополнителна поддршка од трибините.

Навивачката група на најтрофејниот кошаркарски клуб Рабoтнички, “Сити Парк Бојс” пристигна во Кракoв, подготвена за да ги бодри избраниците на селекторот Обрван во уште една битка од Европското првенство. По патување долго околу 20 часа, оваа група македонски фанови пристигна во полскиот град, мина кратко време во фан-зоната, а потоа накратко и го „запали“ Краков со дел од својата пиротехничка опрема.


Поддршката вечерва сигурно ќе биде добредојдена, во ситуација кога против себе ќе имаме уште една врвна селекција, а на нашите репрезентативци ќе им биде потребно да добијат „ветер во грб“ од фановите.

siti park bojs 2

siti park bojs krakov3

siti park bojs krakov1

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.