Европски интерес за уште еден талент на Работнички: Даниел Боневски на проба во Лестер - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Европски интерес за уште еден талент на Работнички: Даниел Боневски на проба во Лестер

Репрезентативецот на Македонија до 17 години, Даниел Боневски е трансферна цел на англискиот чемпионшиплигаш Лестер.

Уште еден млад талент на Работнички е пред можност за интернационален трансфер доколку наредниот период успее да го убеди стручниот штаб на Лестер во сопствените квалитети. 16-годишниот фудбалер од средниот ред веќе седум години е член на ФК Работнички, а е дел и од Фудбалската академија на Македонија.

„Подолг период бев следен од агенти на Лестер, по што инсистираа да бидам извесен период дел од нивниот тренинг камп. Договорот е од 20. март да бидам извесен период на проба во Англија, па ќе се знае дали кариерата ќе ја продолжам на Островот“ – ни изјави Боневски.

Боневски беше дел од нашата селекција до 17 години која неодамна ја совлада Италија со 2-1 на пријателски дуел.

Лестер е убедливо најдобриот тим во Чемпионшип лигата во Англија, кој речиси е пред сигурен пласман во Премиер лигата следната сезона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.