Евролигата со извонреден видео-осврт за Перо Антиќ... (ВИДЕО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Евролигата со извонреден видео-осврт за Перо Антиќ… (ВИДЕО)

Евролигата со извонреден видео-осврт за Перо Антиќ… (ВИДЕО)

Перо Антиќ оваа недела е во фокусот на Евролигата, која преку видео-осврт се потсетува на целокупната кариера на трофејниот македонски кошаркар…

Антиќ сезонава минува одличен период во дресот на белградска Црвена Звезда посакувајќи на најдобар можен начин да остави зад себе уште една кошаркарска сезона.

„Белград е блиску до мојата земја, и тоа ме прави да се чувствувам како дома. Всушност нема подобро место за живот и за играње кошарка. Атмосферата е неверојатна во овој клуб. Секој да ја посака“ – вели Антиќ во видео-освртот за Евролига ТВ, притоа зборувајќи и за актуелниот тренер на Црвена Звезда.

„Уште по првиот разговор со Душан сфатив дека е човеко кој многу ја знае кошарката, и ја обожава. Тој е ‘болен’ за кошарка… Тој е пријател и учител. Помлад е од мене, но секогаш има што да се научи од него. Има поддршка од целиот тим и затоа и резултатите се неизбежни“ – коментира македонскиот кошаркар.

Свое мислење, пак, за Антиќ дава и Марко Кешељ…

„Перо беше мој соиграч од Олимпијакос. Чест ми е што имав шанса да играм со него. Искрено се надевам дека и оваа сезона во Евролигата ќе ја заврши на најдобар можен начин“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.