Еторе Месина нов селектор на Италија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Еторе Месина нов селектор на Италија

Еторе Месина нов селектор на Италија

Легендарниот италијански кошаркарски тренер Еторе Месина по 18 години повторно ќе ја води како селектор селекцијата на „аѕурите“. Тој е асистент во стручниот штаб на Грег Попович во Сан Антонио, но се сложи да ја предводи Италија на предолимпискиот турнир, а договорот ќе биде продолжен и за време на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, доколку неговата селекција успее да обезбеди пласман.

„Истовремено сум горд и среќен што повторно ќе ја водам Италија. Се надевам дека ќе ги исполниме целите и дека ќе се пласираме на ОИ во Рио“, изјави Месина.

Тој од 1993 до 1997 година ја предводеше Италија, а токму на ЕП 1997 со „аѕурите“ стигна до финалето каде загуби од репрезентацијата на поранешна Југославија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.