Енрике потпиша за Ливерпул - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Енрике потпиша за Ливерпул

Шпанскиот дефанзивец Хозе Енрике е најновиот фудбалер на тимот на Ливерпул откако англискиот гигант се договори со Њукасл за висината на овој трансфер. Управата на Њукасл ја прифати шест милиони фунти вредната понуда на Ливерпул за Енрике, по што на овој фудбалер му беше дозволено да замине кон „Енфилд роуд“, каде ги мина лекарските прегледи и го стави својот потпис на договорот со составот на Кени Далглиш. 

Искусниот стратег веќе подолго време беше во потрага по квалитетен лев бек и сигурно ќе биде презадоволен со ангажманот на шпанскиот ас, ако се знае дека токму Енрике се наоѓаше на врвот на листата со желби на Далглиш. За очекување е Енрике своето деби за Ливерпул да го има веќе в сабота, на првиот дуел од Премиер-лигата во кој што „црвените“ на домашен терен ќе го пречекаат Сандерленд. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.