Емил Рајковиќ доби нов договор во Сласк - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Емил Рајковиќ доби нов договор во Сласк

Емил Рајковиќ доби нов договор во Сласк

Емил Рајковиќ доби нов договор со тимот на Сласк, без оглед на слабите резултати што оваа екипа ги постигнува во полскиот шампионат. Македонскиот стратег пред околу еден месец се врати во полскиот клуб што со успех го водеше минатата сезона, но лошиот избор на кошаркари е главна причина за слабите резултати на Сласк, црна серија што не успеа да ја прекине ниту Рајковиќ.

И покрај низата од пет порази што ја има тимот, раководството на клубот има апсолутна доверба во тренерските квалитети на Македонецот, кој потпиша нов договор. Од друга страна, раскинати се договорите со четири од петмината странски кошаркари, така што Сласк значително ослабен ќе настапува до крајот на сезонава.

Дојдов назад во Сласк полн со оптимизам, но за жал играчкиот кадар што го дочекав е далеку од посакуваниот. Изборот на странци беше очајно направен, по консултации со управата решивме да се разделиме од четири од петмината странски кошаркари, па во тимот ќе остане единствено Џарвис Вилијамс. Со тоа значително ќе паднат и амбициите, јас дојдов овде за да се борам за место во плејофот и што подобар пласман, но по ваквиот развој на настаните сега целта е да се опстане во лигата, за потоа со поголем буџет и тим што самиот ќе го селектирам во новата сезона да атакувам на далеку подобар пласман. Затоа и потпишав нов договор, што ми е загарантиран за следните 18 месеци, јасно е дека управата има доверба во мене, па сега ни останува само да се обидеме да оствариме што подобар пласман со овој ростер што го имаме на располагање“ – изјави Рајковиќ за ЕКИПА.

Во тимот на Сласк сега се отвора место за засилувања, но Македонецот нема да ангажира нови имиња поради превисоките лиценци што би требало да се платат.

Имав свои желби, во игра беа и играчи од Македонија, но за жал нема да можам да доведам странци поради превисоките цени што се плаќаат само за лиценци. Ние веќе имавме пет странски кошаркари, шестата лиценца би го чинела клубот 7.000 евра, седмата дури 10.000. Токму затоа по разговорите со управата решивме да не се трошат пари на странци, туку да се обидеме да ја довршиме сезоната со овој тим, а потоа да создадеме далеку посилна екипа за следната сезона“ – вели Рајковиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.