Елитата без Лирија, сезоната стартува на 11 октомври - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Елитата без Лирија, сезоната стартува на 11 октомври

Екипата на Лирија нема да биде дел од првата кошаркарска лига на Македонија откако актуелниот финалист од Купот на Македонија не успеа да ги надмине проблемите со кои се соочуваше во текот на летото. Имено, и покрај бројните апели за решавање на проблемот со немање на сопствен дом, раководството на Лирија не успеа да го добие она што го посакуваше, поради што нема да биде дел од елитното друштво во сезоната што следи. Лирија ја немаше пријавено екипата за настап во Првата лига, па на денешниот состанок на Здружението на прволигаши беше констатирано дека новиот шампионат ќе се одржи без тимот што во последните години редовно обезбедуваше пласман во Супер-лигата.

Се уште е неизвесно кој тим ќе го добие местото на Лирија, бидејќи според актите на МКФ тоа може да биде тим од понизок ранг, доколку некој се нафати на такво нешто на само еден месец до стартот на сезоната.

Воедно, беше донесена и одлука новата сезона да стартува на 11 октомври, а со извлекување беа одредени и двојките за првото коло: МЗТ Скопје – Фени индустри, Струмица – Куманово, Кожув – Карпош соколи, Водњански лисици – Штип. Тимот на Работнички на стартот од новата сезона ќе биде домаќин на тимот што ќе го заземе местото на Лирија во елитното друштво.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.