Еклстон: Оваа година можеби без Германија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Еклстон: Оваа година можеби без Германија

Годинашната Голема награда на Германија на патеката Нирбургринг е под знак прашање, судејќи според зборовите на сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон.

Иако трката, според календарот, е предвидена за 19. јули можно е да не биде одржана поради финансиски проблеми на новиот сопственик.

„Го сретнав новиот сопственик минатата недела и тој Русин не ми изгледаше премногу заинтересиран за идејата да потроши пари, иако е очигледна желбата за трка“ – рече Еклстон.

Нов мнозински сопственик на Нирнбургринг од октомври е рускиот милијардер Виктор Каритонин, кој богатството го стекнал во фармацевтската индустрија.

Еклстон нагласи дека повеќе би сакал трката да се одржи во Хокенхајм. Минатата година, Големата награда на Германија привлече 52.000 гледачи, нешто повеќе од минатата година во Нирбургринг – 45.000.

„Не знам зошто Германците не се заинтересирани за оваа трка, кога имаат еден таков шампион како што е Фетел“ – рече Еклстон.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.