Толку беше, збогум: Еклстон ги продава сите акции од Формула 1 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Толку беше, збогум: Еклстон ги продава сите акции од Формула 1

Толку беше, збогум: Еклстон ги продава сите акции од Формула 1

Во текот на минатата година Формула 1 доби нов сопственик. По околу 40 години познат како „алфа и омега“ во најбрзиот циркус во светот, Берни Еклстон одлучи да се повлече и да го продаде сопствеништвото на американската компанија „Либерти Медиа“.

Набрзо потоа беше обелоденето дека Еклстон ќе биде извршен директор во Ф1, а неодамна ја загуби и таа позиција од Рос Браун. Тој во моментов има ’титула’ почесен претседател која на многумина не им е јасно што права и обврски ќе има. На Еклстон очигледно му се смачи да има неизвесна иднина во најпопуларнито авто-мото спорт, па одлучи да раскрсти во целост со Ф1.

Во моментов, Еклстон има 950.599 акции од Ф1 кои ќе бидат ставени на продажба за 29,42 долари по акција што на крајот треба да му донесат заработка од околу 40 милиони долари. Не само што Еклстон се одлучил на ваков потег, по негови стапки тргнаа и преостанатите шест акционери кои не сакаат да бидат дел од новата ера во Ф1.

„Либерти медиа“ сака дел од акциите да им ги продаде на тимовите, но барем засега нема никаков интерес.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.