(ЕКИПА ТВ) Вардаровите дечиња во шампионски занес (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

(ЕКИПА ТВ) Вардаровите дечиња во шампионски занес (ФОТО)

Ако првиот тим е далеку од посакуваниот изглед оваа пролет, тогаш Вардар може да се гордее со резултатите кои произлегуваат од работата на Пионерско-младинската школа на клубот.

Последен успех е оној на петлињата од генерацијата 2004 предводени од својот тренер Филип Арсовски кои стигнаа до трофејот на првиот меѓународен детски турнир „Синалко Куп 2014“ кој се одржа во организација на фудбалската академија „Постолов – Пандев“.

vardar decinja 6

vardar decinja 5

Оваа вардарова генерација беше убедливо најдобра на турнирот, па токму тоа беше причини и родителите на петлињата самоиницијативно да организираат мала прослава за овој резултат.

„Сакавме на овој начин да им доделиме и мала награда на нашите мали херои, затоа што сепак ваквите резултатските успеси носат дополнителен мотив за напредок. Мора да оддадеме благодарност и до лицата кои ја водат пионерско-младинската школа и која во 2013 година беше поставена на вистински здрави нозе. И, секако да искажеме огромно признание за работата на тренерот Филип Арсовски кој на извонреден начин ги води нашите момчиња“ – истакнаа родителите на момчињата од генерацијата 2004.

А, честитки за успехот младите фудбалерчиња на Вардар добија и од спортскиот директор на клубот, Ѓоко Хаџиевски кој присуствуваше на малата прослава, доделувајќи им и кратки совети на идните вардарови ѕвезди.

vardar decinja 7

vardar decinja 8

vardar decinja 4

vardar decinja 3

Инаку, покрај освоениот трофеј, „вардарци“ на „Синалко Куп 2014“ добија уште два трофеи. За најдобар стрелец беше прогласен Георги Стојановски, а најдобар голман Горазд Гигов.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.