ЕКИПА реагира до РФМ: Кој го координира „координаторот“ Клинчаров?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ЕКИПА реагира до РФМ: Кој го координира „координаторот“ Клинчаров?!

ЕКИПА реагира до РФМ: Кој го координира „координаторот“ Клинчаров?!

Машката ракометна репрезентација на Македонија има нов координатор, лицето Мартин Клинчаров, кој на последниот брифинг на националниот тим се дрзна да се меша во уредувачката политика на Екипа.мк.

Согласно ова, редакцијата на ЕКИПА официјално реагираше до Ракометната Федерација на Македонија и побара објаснување кој му дава право на член на стручниот штаб на националната репрезентација да ги „координира“ медиумите по негово сфаќање, коментирајќи што треба, а што не треба да пишуваат?!

ЕКИПА бара РФМ да се произнесе кој и кога го назначил Клинчаров во стручниот штаб, и што е во описот на неговото ’работно место’ ?

Се надеваме дека РФМ ќе биде доследна да ја удостои јавноста со одговор, согласно своите принципи и стандардите за кои се залага официјално најдобрата спортска федерација во Македонија.

pismo do rfm

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.