ЕКИПА ИЗБОР: Тим на 3. коло! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ЕКИПА ИЗБОР: Тим на 3. коло!

Сумирајќи ги впечатоците од прволигашките збиднувања на нашите терени, ЕКИПА ви го пренесува сопствениот поглед на најдобрите поединци од секое коло во македонскиот шампионат.

Третата рунда натпревари дефинитивно ја потврдија определбата на Вардар доминантно сезонава да се атакува на двојната круна. На гостувањето во Штип „вардарци“ стигнаа до триумфот во последната секунда, но согласно играта уште многу порано, доколку искористеа само мал дел од шансите, можеа да ги осигураат трите бода.

Со одличните изданија продолжи и Силекс триумфирајќи во Кратово против Ренова, па сега покрај Вардар и Металург, кој го совлада Пелистер во Битола, се единствените непоразени екипи по трите натпреварувачки рунди. Шкендија, по поразот од Вардар, експресно се врати во ритам, а првата победа сезонава ја запиша и бранителот на титулата, екипата на Работнички.

ЕКИПА на 3. коло во Првата македонска фудбалска лига

1. Андреја Ефремов (Металург)
– Одличен на голот на Металург, сигурен во неколку наврати значително придонесувајќи за триумфот на својата екипа на гостувањето во Битола.

2. Хофханес Хабмарџумјан (Вардар)
– И трет извонреден натпревар на десниот бек на Вардар. Стрелец на еден гол во триумфот над Брагелница, а одличната игра во офанзивата можеше да ја круниса со уште еден погодок.

3. Милан Илиевски (Работнички)
– Стандарден во одбраната на „романтичарите“, овој пат командувајќи со дефанзивата на тимот на најдобар начин во поголемиот дел од средбата против Тетекс. Работнички стигна и до првиот триумф во новата сезона.

4. Томе Јанев (Силекс)
– Централниот дефанзивец на Силекс е творецот на новиот триумф за кратовци. Стрелец на единствениот погодок вреден три бода против Ренова, притоа и одлично завршувајќи ги задачите во одбраната.

5. Дарко Глишиќ (Вардар)
– Нов квалитетен натпревар на Глишиќ кој се повеќе се наметнува, преку своите игри, и пред селекторот Бошко Ѓуровски за враќање во репрезентативните редови. Одличен во дефанзивата, а му недостасуваше само уште погодок од двете шанси во кои се најде за да биде херојот на Вардар во триумфот над штипјани.

6. Марјан Мицков (Силекс)
– Ново одлично издание на Мицков во дресот на Силекс. Максимално борбено на средината од теренот каде и се кршеше резултатот против составот на Ренова. Беспрекорен во дефанзивата, не дозволувајќи противникот да креира можности за поволен резултат.

7. Арменд Алими (Шкендија)
– Алими потврди зошто е доведен во редовите на Шкендија оваа сезона. Најдобар на дуелот против Хоризонт, стрелец на два гола преку кои тетовци стигнаа и до пресвртот по негативата од првиот дел.

8. Артак Дашјан (Вардар)
– Еден од најдобрите поединци на Вардар во триумфот над Брегалница. Одличен на средината од теренот, асистент на израмнувачкиот погодок, а уште во неколку наврати одлично ги проигруваше своите соиграчи.

9. Демир Имери (Шкендија)
– Постигна два гола во триумфот од 5-2 на Шкендија против турновци. Одигра одлично во нападот, заедно со Алими најзаслужниот за новите три бода на составот на Рој Ференчина.

10. Марјан Алтипармаковски (Работнички)
– Најдобриот на теренот на средбата против Тетекс. Постигна два гола со кои Работнички ја трасираше првата победа во шампионатот. Со изданието против Тетекс навести дека ќе биде квалитетно засилување за нападот на „романтичарите“.

11. Филип Петковски (Вардар)
– Настапи само 7 минути во вардаровиот дрес, вклучувајќи го и судиското продолжение, на гостувањето во Штип но и тие му беа доволни да го постигне одлучувачкиот гол за триумфот на Вардар.

—————————————————————————————————–——————

ИГРАЧ НА КОЛОТО
Хофханес Хабмарџумјан (Вардар)
Креаторот на уште еден триумф на Вардар. Еден од најдобрите странски фудбалери кои играле во македонското првенство. Во Штип, беше стрелец на израмнувачкиот гол за Вардар а потоа и асистент за погодокот на Петковски во финишот од средбата. Имаше одлична можност и по втор пат да се запише во листата на стрелците, но гредата го спаси голот на штипјани по неговиот шут од 15 метри.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО
Срѓан Захариевски (Металург)
Одлично тактички ја подготвува својата екипа ова лето, претходно и на европските настапи а сега и низ првите три кола од шампионатот. Захариевски располага со ограничен играчки кадар, креирајќи млад тим кој мудро стигнува до посакуваните резултати. Така беше и на натпреварот против Пелистер во Битола, на кој „металурзите“ стигнаа до посакуваните три бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.