Ејупи со два гола го реши „својот“ Славен Белупо - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ејупи со два гола го реши „својот“ Славен Белупо

Ејупи со два гола го реши „својот“ Славен Белупо

Музафер Ејупи се покажува како извонредно засилување за Осијек откако македонскиот интернационалец беше човек на одлука на гостувањето против својот поранешен клуб, Славен Белупи.

Осијек, во чии редови настапува и Мики Петровиќ, дојде до победа од 2-3 токму благодарение на извонредниот Ејупи, кој немаше милост за својот поранешен тим, со два гола носејќи му три бода на Осијек. Првиот гол за Славен Белупо, за водство од 1-0, беше дело на Мирко Ивановски од пенал, но тоа сепак беше недоволно за домаќините да освојат барем еден бод на оваа средба.

Само за потсетување, Ејупи минатиот викенд дебитираше со гол за новата екипа, и тоа против Хајдук за реми од 1-1.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.