ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година

ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година

Ракометарот на европскиот првак Вардар, Хрватот Лука Циндриќ, е најдобар играч во Европа за 2017 година, според изборот на ЕХФ, која правото на одлучување им го остави на фановите на ракометната игра. Циндриќ, кој беше еден од клучните фактори за освојување на шампионската титула на Вардар во ЛШ, освои 6.731 гласови (од можни 14.465) и заслужено го добива ова признание.

Тој во изборот со тесна разлика го победи Мате Лекаи, унгарскиот репрезентативец кој настапува за Веспрем. Лекаи на крајот доби 6.039 гласови.

Меѓу номинираните во овој избор беше и голманот на РК Вардар, Арпад Штербик, кој доби 833 гласа и заврши на третата позиција. Номинирани беа и Момир Илиќ, Гонзалез Перез де Варгас, Сандер Сагосен, Лудвиг Халбак и Хулен Агинагалде.

Кај дамите, убедливо најдобра според изборот на фановите е Романката Кристина Неагу, која доби 15.185 гласови.

luka cindric ehf

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.