Ефикасно издание на Словенците против Србија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ефикасно издание на Словенците против Србија

Ефикасно издание на Словенците против Србија

Репрезентацијата на Словенија ја победи Србија со 36-32 во Морска Собота, во првиот од двата контролни натпревари пред настапот на ЕП во Хрватска. Иако без неколку стандардни репрезентативци кои отсуствуваат поради повреди (Габер, Доленец, Кавтичник…) избраниците на селекторот Веселин Вујовиќ прикажаа ефикасна игра, посебно во второто полувреме. На крајот од првиот дел резултатот беше нерешен 15-15, но во вториот дел добро функционираше нападот на Словенија што им донесе предност и победа на крај.

Со оглед на принудните измени во составот, Вујовиќ на овој контролен дуел поголем акцент стави на воигрување на акциите во нападот што резултираше и со 36 постигнати голови. За разлика од разновидноста во нападот, во одбраната на Словенија се чувствува отсуството на Матеј Габер. Делумно, се играше и внимателно без посебен ризик од остри дуели што на крај донесе и многу примени голови.

Блаж Јанц беше најефикасен во словенечкиот состав со осум гола. По пет погодоци постигнаа Блаж Благотиншек и Гашпер Маргуч. Во репрезентацијата на Србија по пет гола запишаа Ненадиќ и Ѓорѓиќ.

Словенија и Србија утре ќе го одиграат вториот контролен натпревар што воедно ќе биде и последна проверка за избраниците на Веселин Вујовиќ пред саботниот дуел со Македонија на стартот од ЕП во Хрватска.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.