Двоен успех: Левски ја освои БИБЛ и влезе во АБА-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Двоен успех: Левски ја освои БИБЛ и влезе во АБА-лигата

Бугарскиот прволигаш Левски има причина да го слави денешниот ден, откако играчите стигнаа до трофејот во БИБЛ-лигата, додека управата на клубот ја оствари зацртаната цел – од новата сезона да биде член на регионалната АБА-лига. Токму Левски важеше за еден од главните ривали на нашиот Работнички за да го пополни испразнетото место по заминувањето на Шолнок, но изборот на Роман Лисац на крајот падна врз бугарскиот вицепрвак. Еден од најзаслужните за ваквиот развој на настаните сигурно е Леонид Гајдаџиев, поранешниот претседател на МКФ, кој од неодамна ја извршува функцијата на прв оперативец во бугарскиот клуб.

leon so lisac

Задоволството е уште поголемо бидејќи Левски ќе замине во АБА како актуелен шампион на БИБЛ-лигата. По трилер-победата над Балкан во полуфиналето, избраниците на Тити Папазов попладнево славеа во големото финале против Галил Гилбоа со 75-69, симнувајќи го израелскиот тим од тронот на регионалното натпреварување. Израелците важеа за благи фаворити во пресрет на ова финале, но Папазов постави одлична одбрана, со која го трасираше патот до трофејот на својот тим.

Чалмерс со 17 поени и 11 скокови беше најзаслужен за големата победа на Левски, а значаен придонес имаше и Џумејн Џонс, кој го заврши натпреварот со 14 поени, 9 скока и 5 асистенции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.