Две повреди во низа: МЗТ Скопје остана без Симоновски и Клоф - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Две повреди во низа: МЗТ Скопје остана без Симоновски и Клоф

Две повреди во низа: МЗТ Скопје остана без Симоновски и Клоф

Нова сезона, но стари проблеми за МЗТ Скопје. Како реприза од стартот на минатата сезона, македонскиот шампион повторно остана без бек-шутерите. На еден ден пред натпреварот против Карпош соколи, Марко СИмоновски заработи нова повреда иако претходно не беше рехабилитиран во целост, па нема да му биде на располагање на Александар Јончевски на неколку натпревари. Како да тоа не беше доволно, Шарлон Клоф заработи повреда во последниот период на денешниот натпревар, па раководството на македонскиот шампион ќе мора што побрзо да бара решение за овој проблем.

„Мислевме дека ќе бидеме комплетни на денешниот натпревар, но еден ден претходно на тренинг се повреди Марко Симоновски. Станува збор за повреда на задната ложа поради која сигурно нема да ни биде на располагање на наредните два или три натпревари. Адем Мекиќ се мачи и со повреда, па затоа денес не доби голема минутажа. Единствениот плејмејкер што го имавме се повреди во последната четвртина и сè уште не знаеме колку е сериозно. Доколкус е работи за посериозна повреда можеби ќе немаме друг избор освен да донесеме друг играч на позицијата која во моментов сме дефицитарни“ – вели тренерот на „металците“ Александаар Јончевски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.