Два меча казна за Геце - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Два меча казна за Геце

Еден од најдобрите фудбалери на Борусија Дортмунд, Марио Геце, ќе мора да ги пропушти следните две средби на својот тим во Бундес-лигата откако беше казнет од страна на Германската Фудбалска Федерација. Младиот плејмејкер беше исклучен во финишот од натпреварот со Баер Леверкузен откако најпрвин се обиде да го удри Хано Балич, а потоа и плукна во правец на овој противнички фудбалер. Челниците на Германската Фудбалска Федерација веднаш го осудија ваквото однесување на репрезентативецот на оваа земја, по што беше изречена и казната од два меча неиграње. 
 
Покрај Геце, суспензија од два натпревари заработи уште еден фудбалер на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, поради туркање на помошниот судија во финишот на мечот. Овие казни значат дека Геце и Кел нема да можат да настапат за „милионерите“ на Дортмунд на следните две средби од Бундес-лигата, на домашен терен со Херта и на гостувањето против Хановер.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.