Душан Савиќ, потпишува договор со Динамо Букурешт за месечна плата од 8 илјади евра - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Душан Савиќ, потпишува договор со Динамо Букурешт за месечна плата од 8 илјади евра

Македонскиот репрезентативец Душан Савиќ, речиси сигурно се враќа во Романија и ќе биде нов член на Динамо Букурешт, а во гигантот на тамошниот фудбал доаѓа како слободен играч.

 

Досегашниот фудбалер на украинскиот клуб Волин најави за романските медиуми дека сигурно доаѓа во Динамо, а договорот ќе биде потпишан викендов. Савиќ порано играше во Романија, за прволигашот Брашов, а во Динамо според најавите ќе заработува по 8 илјади евра месечно, плус бонуси.

 

„Веројатно ќе дојдам во Букурешт викендов и ќе потпишам договор со Динамо, пред клубот да замине на подготовки“ – е изјавата на Савиќ. Тој би требало да го замени напаѓачот Мариуш Алексе, кој ќе го напушти Динамо.   

 

За 27-годишниот фудбалер кој е роден во Ниш, но има македонски пасош, Динамо ќе биде десетиот клуб во кој настапувал, секако ако се остварат најавите за трансфер. За младата селекција на Македонија, Савиќ има 3 настапи, а 11 пати го носел националниот дрес на нашата сениорска репрезентација. 

 

Динамо најави дека сака да го ангажира и шпицот на Вардар, Јован Костовски, кој е најдобар стрелец во македонскиот шампионат што заврши неодамна, но трансферот засега е ставен во мирување. Романските медиуми објавија дека проблем се парите. Наводно, Динамо немал пари за да ја плати и отштетата кон Вардар, и платата на Костовски, во висина од 5 илјади евра месечно.  

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.