Драма во Кавадарци: Работнички анулираше 15 поени и славеше против Фени (79-82) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Драма во Кавадарци: Работнички анулираше 15 поени и славеше против Фени (79-82)

Драма во Кавадарци: Работнички анулираше 15 поени и славеше против Фени (79-82)

Кошаркарите на Работнички во извонредно драматичен натпревар од 3. коло во Првата лига славеа на гостувањето против Фени со 79-82 (19-10,27-21,18-29,15-22).

„Центарци“ по првото полувреме имаа негатива и од 15 поени, но сето тоа со феноменалната партија на Димитар Мираковски и Трајковски успеаја да го анулираат и да стигнат до својата втора победа во шампионатот.

Во првото полувреме на паркетот комплетно доминираа домашните кошаркари. Од самиот старт кавадарчани навлегоа во ритам добивајќи ја првата четвртина со девет поени разлика. Во исто темпо продолжија и во вториот период, па на полувремето имаа одлични 15 поени предност (46-31).

Но, Работнички не планираше предвремено предавање, во сосема поразлично светло впуштајќи се низ мечот во второто полувреме. Водени од капитенот Мираковски и од Трајковски, „центарци“ успешно ја намалуваа предноста на домашните за да на четири минути пред крајот со поените на Мираковски стигнат и до предност од 71-72.

Домашните потоа, реализираа серија од шест поени за 77-72, но гостите не дозволија одлепување па враќајќи со еднаква мера во последната минута мечот влезе во крајно драматична завршница, израмнето (79-79). Откако кошаркарите на Фени потоа не успеаја да реализираат напад, на 10 секунди пред сирената Димитар Мираковски погоди шут за три поени за конечна феноменална победа со пресврт од 79-82.

Најефикасен кај Работнички беше Трајковски со 23 поени, дополнети и со 7 скока, додека Мираковски мечот го заврши со 20 постигнати поени. Со 15 поени дуелот го заврши Ѓуровски, а 12 поени постигна Петровски.

Во домашниот состав предводеше Кире Николовски со 24 поени, а Пековиќ мечот го заврши со 19 постигнати поени. 12 поени и 8 скока имаше Тубак, а капитенот Самарџиев запиша 11 поени зад своето име.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.