Драган Николиќ ги построи „соколите“: Дали ќе полетаат високо? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Драган Николиќ ги построи „соколите“: Дали ќе полетаат високо?

Драган Николиќ ги построи „соколите“: Дали ќе полетаат високо?

Српскиот стратег Драган Николиќ (44 год.) од денеска и официјално почна со работа како нов тренер на Карпош Соколи. Тој попладнево го имаше првиот тренинг со кошаркарите и ќе се обиде да донесе победнички дух во составот што досега ги загуби сите натпревари во АБА – лигата што ги одигра.

dragan nikolic so ognen dedic

„Доаѓам во добро позната средина на покана на мојот долгогодишен пријател, Огнен Дедиќ, кој е претседател на клубот. Добро го познавам тимот кој го преземам и сметам дека тоа е повеќе од солиден состав, кој едноставно немаше среќа досега сезонава. Карпош Соколи сега требаше да има скор 3-4, а не 0-7, но враќање назад нема. Треба да ги засукаме ракавите и да работиме напорно. Прикажаната игра не е адекватна на крајниот учинок, сметам дека на тимот ќе му тргне на подобро кога ќе дојде таа толку посакувана победа“, е првиот коментар на Николиќ за официјалниот сајт на клубот.

Тој доаѓа на местото на сонародникот Синиша Матиќ, кој вчера поднесе оставка по серијата од девет порази во новата сезона. За него престојот во Македонија нема да биде ништо ново, со оглед на тоа што во минатото работеше како прв тренер на некогашниот женски прволигаш Профитнес, а воедно негова сопруга е нашата поранешна репрезентативка, Марија Видикова. Српскиот стратег доаѓа од таборот на српскиот прволигаш Младост од Земун, а ги има предводено и екипите на Металац Ваљево, Раднички Крагуевац, Раднички од Белград, Хемофарм, Војводина…

Официјално деби на Николиќ на клупата на Карпош Соколи ќе се случи во понеделник, кога Карпош Соколи му гостува на ФМП.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.