Довчерашниот „вардарец“ Којашевиќ со два гола донесе триумф за Војводина... (видео) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Довчерашниот „вардарец“ Којашевиќ со два гола донесе триумф за Војводина… (видео)

Довчерашниот „вардарец“ Којашевиќ со два гола донесе триумф за Војводина… (видео)

Довчерашниот „вардарец“, Дамир Којашевиќ е најзаслужниот за новата победа на Војводина со која тимот од Нови Сад се доближи на само три бода од водечката Црвена Звезда во шампионатот на Србија.

Во 12-от натпревар сезонава, Војводина славеше со 2-0 против Младост Лучани благодарение на головите на Којашевиќ во 82. и во 90. минута.


Којашевиќ неочекувано беше ослободен од обврските од Вардар откако македонскиот шампион го мина Фенербахче и обезбеди место во Лигата на Европа. Од раководството на клубот, со ослободувањето на Којашевиќ „ослободуваа“ позиција и за планираниот напаѓач Максим Максимов кој сепак не го обезбедија за настап поради жалбата од страна на литванскиот Тракаи до ФИФА.

Синоќа, стратегот на Вардар, Чедомир Јаневски по поразот од норвешки Розенборг потенцираше дека на неговиот тим му се неопходни повеќе опции во нападот, поради скратениот избор на фудбалери.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.