Динамо со поддршка за Петев, прашањето е до кога - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Динамо со поддршка за Петев, прашањето е до кога

Динамо со поддршка за Петев, прашањето е до кога

Динамо Загреб заостанува пет бода зад Ријека во трката за титулата, претрпе пораз на „Максимир“ на вечното дерби со Хајдук, но раководството на „модрите“ нема намера да прави нова тренерска смена. Иако во текот на денешниот ден хрватските медиуми шпекулираа со камбек на Зоран Мамиќ, или пак тренерски ангажман на актуелниот спортски директор Ромео Јозак, челниците на клубот по денешниот состанок на Извршниот одбор порачаа дека Ивајло Петев останува на клупата на актуелниот првак.

Извршниот одбор на Динам денеска одржа седница на која му даде безрезервна поддршка на тренерот Ивајло Петев, на неговиот стручен штаб како и на сите играчи од првиот тим“ – гласеше краткото соопштение на „модрите“ од Загреб.

Хрватската јавност ваквата порака ја оценува како „последна шанса за бугарскиот стратег“, кој во случај на нов „кикс“ до крајот на сезонава сигурно ќе добие отказ. Динамо брка пет бода негатива во однос на Ријека и мора да слави на сите наредни натпревари доколку сака да ја одбрани титулата.

Во следното коло „модрите“ му гостуваат на тимот на Славен Белупо, додека Ријека на домашен терен го пречекува Осијек.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.