Димитриевски потпиша за Удинезе - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Димитриевски потпиша за Удинезе

Одличните настапи во дресот на Работнички му донесоа на Столе Димитриевски трансфер од соништата. Овој 17-годишен чувар на мрежата својата кариера ќе ја продолжи во италијанскиот шампионат, како член на екипата на Удинезе. Претставници на италијанскиот клуб го следеле младиот голман на неколку натпревари оваа сезона, секогаш биле импресионирани од неговите настапи, по што испратиле и официјална понуда до Работнички. Водечките луѓе на клубот од „Дебар Маало“ решија да ја прифатат оваа понуда, да заработат од трансферот, но и да му овозможат на Димитриевски уште повеќе да напредува во кариерата. 

За услугите на младинскиот репрезентативец на Македонија се интересираа уште неколку европски гиганти, понуди за него имаа подготвено и Твенте и Олимпијакос, но челниците на Удинезе реагираа најдобро и успеаја да го осигураат трансферот на овој супер талентиран голман. 

Столе Димитриевски ќе се пресели во Удине во декември, откако ќе наполни 18 години, што значи дека овој фантастичен чувар на мрежата ќе може да го доврши првиот дел од сезоната на голот на „романтичарите“.  

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.