Диета за топ форма: Лалана јаде по осум оброци дневно - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Диета за топ форма: Лалана јаде по осум оброци дневно

Диета за топ форма: Лалана јаде по осум оброци дневно

Јирген Клоп го има рецептот за победи, а на неговата ’диета’ се придржуваат сите играчи со кои тој располага во тековната сезона во Ливерпул. Не залудно Адам Лалана доби награда за најдобар англиски фудбалер за изминатата година.

Издржливоста на теренот на Лалана се должи на диета, која се содржи од вкупно осум оброци дневно. Планот за специјалниот режим на исхрана му е направен од Мона Немер, нутриционист која тој ја нарекува тајната состојка на Клоп.

„Таа има огромно влијание врз нас, има најразлични рецепти кои ние можеме да ги пробаме, но сепак да се здрави за нас. Мона е брилијантна и морам да признаам дека од изминатото лето е уште подобра. По натпреварот против Сити, таа ни кажа да изедеме цела чинија тестенини иако беше 22.30 часот. тоа воопшто не ми е тешко бидејќи секој ден појадувам тост во 7.45 наутро. Околу 10 часот јадам житарици со банана, а на пладне мојот татко речиси секогаш прави омлет со сланина. По тренингот во 15 часот јадев леб со пилешко, јогурт и протеински напиток. По малиот одмор јадев тестенини со зеленчук и пилешко место. Вечерта патувавме за Сандерленд каде околу 20.30 часот нè пречекаа со сендвичи. Изедов два со месо и јогурт. На денот на натпреварите можеме да јадеме сè што сакаме“ – открива Лалана.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.