
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Џо Кол на заем во Лил
- '
- Објавено: август 30, 2011 14:41
Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол во претстојната сезона ќе игра како позајмен играч од Ливерпул во редовите на францускиот тим Лил. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да финишираат во текот на оваа вечер. Со тоа, Џо Кол за првпат ќе ја продолжи кариерата надвор од Островот и ќе ги брани боите на Лил.
Англичанецот пред 12 месеци како големо засилување дојде од Челзи во Ливерпул, меѓутоа не успеа најдобро да се снајде на „Енфилд Роуд“, а неговата плата е превисока за „црвените“ да го плаќаат за да седи на клупата за резерви или пак на трибините.
Лил мора да се засили пред истекот на преодниот рок, затоа што најдобриот играч од минатата сезона, Жервињо, веќе е играч на Арсенал, а „топчиите“ им го украдоа и Парк Чу-Јонг. Сега копјата се кршат околу Еден Хазард, дали тој ќе остане во Лил или пак ќе се реши да замине на Островот, можеби во Арсенал или во Ливерпул.