Џикиќ го објави списокот, но кој ќе дојде на тренинг? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Џикиќ го објави списокот, но кој ќе дојде на тренинг?

Македонската Кошаркарска Федерацјиа вечерва го обелодени поширокиот список на кошаркари, од кои потоа ќе бидат избрани репрезентативците што ќе ги бранат боите на нашата земја во квалификациите за Евробаскет 2015, во кои „црвено-жолтите“ за противници ќе ги имаат Данска, Белгија и Белорусија. Доаѓањето на селекторот Џикиќ во нашата држава беше најавено за денеска, по што е обелоденет и списокот на играчи, на кои е евидентно и присуството на Антиќ, кој веќе се изјасни дека нема повеќе да настапува за националниот тим, како и на Самарџиски и Чековски, за кои беше објавено дека поради повреди ќе го пропуштат овој квалификациски циклус. Согласно најавите, на поширокиот список се најдоа и тројцата натурализирани Македонци, Лестер Бо Мекејлеб, Дариус Вашингтон и Ричард Хендрикс, од кои Џикиќ ќе може да избира по еден за секој натпревар од квалификациите.

Јасно е дека во следниот период ќе следи убедување на најдобрите и најискусните кошаркари од претходните квалификациски циклуси, но уште поголем проблем за луѓето од МКФ претставува бојкотот што денеска беше најавен од страна на Асоцијацијата на Македонски Кошаркари. Имено, со овој бојкот репрезентативците покажаа солидарност со останатите македонски кошаркари, најавувајќи дека нема да присуствуваат на тренинзите се додека не биде променето новото правило за зголемување на бројот на странци во домашното првенство за следната натпреварувачка сезона.

МКФ во своето соопштние објави дека тренинзите ќе почнат утре, но прашање е кој ќе се појави на нив доколку се реализираат најавите за бојкот. Од Асоцијата на кошаркари по денешниот прв состанок во просториите на МКФ најавија дека бојкотот ќе продолжи се додека не видат дека се повлечени конкретни мерки од водечките луѓе на македонската кошарка, а дали тоа ќе биде случај ќе видиме утре изутрина, за кога е закажан и првиот тренинг под водство на Александар Џикиќ.

ПОШИРОК СПИСОК НА ИГРАЧИ ПРИЈАВЕНИ ВО ФИБА

Перо Антиќ, Владо Илиевски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, Лестер Мекејлеб, Ричард Хендрикс, Дариус Вашингтон, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Кирил Николовски, Дарко Соколов, Андреј Магдевски, Марјан Јанески, Оливер Двојаковски, Марко Симоновски, Бојан Трајковски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Ивица Димчевски, Љубомир Младеновски, Михајло Арсоски, Андреј Маслинко.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.