Џиџи го избриша Оса од Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Џиџи го избриша Оса од Вардар

По најавата за
казни на фудбалерите по слабите изданија во новата 2013 година, од Вардар следи
и првиот чекор за рез во играчките редови со информацијата за отстранување од
првиот тим на нигерискиот фудбалер од средниот ред Гуобадиа Оса.

 

Незадоволен од
неговиот ефект на теренот, но пред се од непрофесионалниот однос кон играта
шефот на стручниот штаб Никола Илиевски – Џиџи до крајот на сезоната не планира
на услугите на Нигериецот во првиот тим, а од раководството најавуваат и
можност за комплетно раскинување на договорот со него. Оценката на стручниот
штаб е дека Оса воопшто не одговара на обврските кои ги наметнува клуб како
Вардар, а последната одлука е донесена по проценката и дека е еден од клучните
виновници за последниот пораз од Металург. Илиевски не крие и дека дел од
фудбалерите веќе го загубиле првотимскиот статус, па притоа ќе треба добро да
се намачат за да ја вратат неговата доверба.

 

Гуобадиа Оса,
беше еден од клучните вардарови играчи под палката на актуелниот претседател на
ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски. Колку за потсетување, Оса покрај шампионската круна со
Вардар, претходно со Илчо Ѓорѓиоски имаше шампионски трофеј и во редовите на Македонија
ЃП.

 

Фото: www.fkvardar.mk  

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.