Демонстрација на македонското лице за Катар: Франција е мерка за нашиот потенцијал! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Демонстрација на македонското лице за Катар: Франција е мерка за нашиот потенцијал!

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот против моќната Франција во финалето на Интернационалниот турнир во Нант, ја очекува вистинската контролна пресметка пред настапот на Светското првенство во Катар.

Составот предводен од Кирил Лазаров, по вчерашното одлично издание против Алжир, овој пат ќе има можност за проверка на реалниот потенцијал против една од најдобрите светски репрезентации. Несомнено, преку Французите очекуваме и посакуваме да го видиме лицето на Македонија каква ја посакуваме на престојниот Мундијал во Катар.

Со шесте вчерашни гола против Алжир, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров минувајќи ја границата од 1200 погодоци во 160 мечеви за националната селекција само ја потврди формата во која играше изминатава есен и во дресот на Барселона. Сега Лазаров, Мојсовски, Миркуловски, Ристовски, Вугринец, Манасков, Стоилов… ги чека дуел со „петлите“ предводени од Никола Каработиќ преку кој, како што потенцираше и селекторот Ивица Обрван, ќе се темпира формата за тоа што не очекува за една недела во Светското првенство 2015.

Јасно е дека резултатот на денешниот дуел не е во преден план, но јасно е и дека апсолутно секогаш е повеќе од предизвик на вистински начин да се одмерат силите со Французите.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.