Дејвис Куп титулата за Чешка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Дејвис Куп титулата за Чешка

Репрезентацијата на Чешка стигна до титулата во Дејвис Купот откако во финалето славеше против Србија со 3-2. Чешките тенисери всушност ја одбранија круната во ова натпреварување, а хендикепот на Србија беше младиот тенисер Душан Лајовиќ.

Одлучувачкиот, петти, меч го освои Радек Степанек кој премногу лесно стигна до победата од 6-3,6-1,6-1, против Душан Лајовиќ. Степанек доминираше во текот на целиот меч дозволувајќи му на Лајовиќ да освои само пет гема во трите сета.

Претходно, Новак Ѓоковиќ триумфираше против Томаш Бердих со 6-4,7-6,6-2 за израмнување на 2-2. Но, на крајот Србите сепак не успеаја да стигнат до титулата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.