Дејановиќ се спаси при спуштањето од Анапурна - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Дејановиќ се спаси при спуштањето од Анапурна

Дејановиќ се спаси при спуштањето од Анапурна

Македонецот Здравко Дејановиќ успешно се спушти од врвот Анапурна, каде беше на експедиција во изминатите неколку денови. Тој со минимални повреди од измрзнување успеал да се симне на безбедно место, додека двајца членови на експедицијата го загубиле својот жибот. Непалецот Пемба Шарпа и Финецот Самули Мансика ги загубиле животите при спуштањето, кога имале големи проблеми при температура од минус 50 степени Целзиусови.

Здравко Дејановиќ врвот Анапурна го освои во рамките на интернационалната експедиција предводена од Иранецот Реза Шахли и од шерпата Мигма, со кои минатата година го освои и вториот највисок врв во светот, К2 (8.611 метри).

Претходно Дејановиќ во 2010 година се искачи и на највисокиот светски врв, Монт Еверест (8.848 метри).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.