Дејан Пешевски потпиша за Копер - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Дејан Пешевски потпиша за Копер

Младиот македонски интернационалец Дејан Пешевски по две сезони го напушти словачкиот фудбалски шампионат откако денеска се одлучи да потпише за словенечки Копер. Тој само по шест месеци го напушти Спорд Подбрезова и одлучи да се пресели во клубот од словенечкото крајбрежје.

Пешевски  потпиша договор на шест месеци за моментно седмопласираниот клуб во словенечката лига, со можност по крајот на сезоната да биде продолжен договорот. Како што дознаваме, тој во декември минал десетдневен тест период во овој тим, а откако денеска ги мина и медицинските прегледи официјално стави потпис на договорот.

Македонскиот интернационалец претходно играпе и за Ружомерок и за Спартак Трнава, а своето деби за новиот клуб се очекува да го има веќе в четврток на пријателскиот дуел со Ријека.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.