Деби гол за Трајковски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Деби гол за Трајковски

 Младиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Александар Трајковски, го постигна својот прв гол во првенството на Белгија. Неговиот тим Цулте Варегем славеше со 2-1 во дуелот со Оуд Хеверле, а тој беше стрелец на вториот гол во 36 минута од средбата. Трајковски настапи до 57 минута од мечот, по што беше повлечен од игра. Оценките се дека одиграл одлично и дека е вистинско засилување за тимот на Цулте Варегем.

Томе Пачовски и во вториот натпревар во новиот шампионат беше резервен голман на Жерминал Бершот. Неговиот тим одигра 2-2 на домашен терен против Гент, несудениот нов клуб на Ферхан Хасани.

Пачовски и Трајковски утре треба да допатуваат во Скопје и да се приклучат на кусите подготовки на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на пријателскиот натпревар со селекцијата на Азербејџан, в среда во Баку.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.