Дебакл и од Партизан - нов кошмар за МЗТ во АБА-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Дебакл и од Партизан – нов кошмар за МЗТ во АБА-лигата

Дебакл и од Партизан – нов кошмар за МЗТ во АБА-лигата

Црнилата на МЗТ Скопје во АБА-лигата продолжија и на денешното гостување во Белград, на кое македонскиот првак уште еднаш ја демонстрираше сета своја немоќ во регионалното натпреварување, губејќи од Партизан со преубедливи 112-94. И доколку во првото коло „сино-белите“ успеаја да го изненадат Партизан, овојпат ситуацијата на теренот беше сосема спротивна, пред се поради очајното издание на МЗТ во одбраната во првото полувреме, во кое избраниците на тренерот Лукајиќ за 20 минути примија неверојатни 69 поени, за мечот да го завршат со 112 примени поени, срамна бројка за тим што сака да делува сериозно во АБА-лигата.

Македонскиот шампион парираше неполни осум минути, откако по водство на Партизан од 20-18, „црно-белите“ во финишот од стартната четвртина додадоа гас, па го завршија овој период со 32-19. Ако првата четвртина беше лоша за МЗТ, тогаш втората слободно може да се опише како катастофална, откако Партизан за десет минути игра постигна неверојатни 37 поени (37-23), па на одмор се замина со преубедливи 69-42 за српскиот вицепрвак.

sokolov mzt partizan

Откако победникот веќе беше решен, „црно-белите“ го намалија темпото, а македонскиот тим го искористи тоа за да ја намали предноста на домаќинот. Третата четвртина заврши со резултат 19-28 за МЗТ Скопје, за Партизан со рутинска игра да го приведе мечот до крај, до конечните 112-94.

Бојан Трајковски постигна 20, Соколов 14, а Дамјан Стојановски 12 поени за „металците“, додека Андриќ со 29 поени беше прв стрелец на Партизан.

По најновиот дебакл, МЗТ Скопје останува закован на дното на табелата со скор од две победи и десет порази. Во следното коло „металците“ наредниот петок (22 декември) ќе го пречека ФМП, во обид да ја прекине „црната серија“ од осум порази.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.