
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Давид Бабунски награден за добрите игри во Барселона – од идната сезона македонскиот вундеркинд, член на Б тимот на каталонскиот гигант
- '
- Објавено: јуни 10, 2013 20:41
Давид Бабунски е награден за добрите игри во Барселона и од идната сезона македонскиот вундеркинд ќе биде член на Б тимот на каталонскиот гигант.
Попладнево, информацијата е објавена на официјалниот сајт на европскиот гигант, а со Бабунски од кадетскиот тим во Барселона Б се селат уште шестмина фудбалери. Тимот настапува во втората шпанска лига, или популарната Сегунда Дивизија и тоа е одлична можност за македонскиот фудбалер, во иднина да атакува и на место во првиот тим.
Бабунски има само 19 години и сега го минува истиот пат на големите ѕвезди во тимот на Барса, од калибарот на Меси, Чави, Иниеста, Педро, Бускетс и уште многу други, кои најпрво беа дел од Б тимот, па потоа оттаму се префрлија во сениорскиот состав. Со нашиот интернационалец, кој е син на Бобан Бабунски, селекторот на македонската репрезентација до 21 година, во Б тимот се префрлаат и Бањак, Сампер, Калвет, Рамирез, Коста и Гафарот.
Колонијата Бабунски во Шпанија има интересна историја. Покрај таткото Бобан кој играше за Леида и Логроњес, на Иберискиот полуостров сега настапуваат и двајцата синови, Давид во Барселона и помалиот Доријан во младинските категории на Реал Мадрид.
Од Барселона соопштија и дека Жерар Делофеу, еден од најголемите светски таленти, ќе биде префрлен од младинскиот, во првиот погон на Каталонците.