Дарко Георгиевски потпиша за Мотелимар Крија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Дарко Георгиевски потпиша за Мотелимар Крија

Младиот македонски ракометар, 22-годишниот лев бек, Дарко Георгиевски, својата кариера ќе ја продолжи на интернационална сцена. Ракометарот, кој што минатата сезона ја мина во дресот на Пелистер, потпиша за францускиот третолигаш, Мотелимар Крија, на една  година, со опција за продолжување на уште една.

„Задоволен сум што ќе бидам дел од оваа екипа која што има амбиции за борба за пласман во втората лига. Одлично сум примен во клубот, еве неколку дена како што ги започнавме подготовките за новата сезона. Се надевам во идниот период дека ќе ги оправдам очекувањата кои што ги има клубот од мена”- изјави за ЕКИПА, Георгиевски.

За Георгиевски, кој што потекнува од школата на Вардар, ова е прв интернационален трансфер. Минатото лето настапи за нашата репрезентација на Медитеранските игри во Мерсин, а покрај за Пелистер, има настапувано и за екипата на Куманово.

Георгиевски, сепак нема да биде единствениот Македонец во третата француска лига со оглед на тоа што пред извесен период, Александар Ангеловски, кој што го напушти Зомимак М, потпиша за Белфорд.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.