„Чкембари“ со последно заканувачко предупредување: Платете го долгот, од вторник ние стапуваме на сцена! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Чкембари“ со последно заканувачко предупредување: Платете го долгот, од вторник ние стапуваме на сцена!

„Чкембари“ со последно заканувачко предупредување: Платете го долгот, од вторник ние стапуваме на сцена!

Огромна неизвесност лебди над ФК Пелистер откако, сосема неочекувано, на крајот од минатава година неговите мнозински акционери се одлучија да се повлечат од клубот по само една година „владеење“. Токму незаинтересираноста за натамошно раководење со клубот и изминатава есен донесе бројни турбуленции меѓу „зелените“ кои сега, пак, се пред тотално расформирања.

Општина Битола пред една недела повика мнозинските акционери да го подмират долгот кон клубот во висина од повеќе од 150.000 евра кој го оставиле зад себе, за да со чиста сметка може и правно да продолжи функционирањето на клубот. На тоа следеше одговор од компаниите кои досега го водеа клубот, ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје, ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје, ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД Битола и ЖИТО БИТОЛА ДООЕЛ Битола, кои пак побараа општината да го плати претходниот долг кон нив во висина од 100.000 евра.

На сето тоа, сега и кон двете страни одговор испратија „Чкембарите“ со, како што велат, последно заканувачко предупредување:

Се толерираше работата доста време, ситуацијата на клубот е полоша од било кога, и едните и другите излегувате со некави пресметки и соопштенија а нас не ни интересира кој и колку должи туку најважно и најсвето нешто е само Пелистер. Па, наше е да ве предупредиме последен пат бидејќи гледаме си давате рокови едните со другите. И ние ви даваме рок најкасно до крајот на божиќните празници, 9. јануари да се има исплатено долгот кон клубот (НЕ НЕ ИНТЕРЕСИРА КОЈ КОЛК ДОЛЖИ, ВИЕ СТЕ СОПСТВЕНИЦИ ЕДНИТЕ 25% другите 75% И ЗАЕДНО ДОЛЖИТЕ).

Гледаме незаинтересираност и дека клубот сакате да замини низ вода. Но, да бидете свесни дека тоа нема да го дозволиме па макар и сите до еден да заглавиме во затвор. Цела Битола ке излези и ке ви ја донесиме на врата, 12 години не лажеа бидете сигурни дека нема да дозволиме уште… На битолчани им дојде паметот од сега сами ќе си се браниме, времето е кратко заради вашите препукувања и време губење клубот е на раб на банкрот.

ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗАЕДНИЧКИТЕ АКЦИОНЕРИ АКО ДО КРАЈОТ НА ПРАЗНИКОТ НЕ СЕ ПОДМИРАТ СМЕТКИТЕ КОН ФК ПЕЛИСТЕР ЌЕ СТАПИМЕ НИЕ НА СЦЕНА, КАКО ЗНАЕМЕ ДА СИ ГО СПАСИМЕ КЛУБОТ. АКО Е ПОТРЕБНО И НИЕ САМИТЕ ГРАЃАНИ НА БИТОЛА ЌЕ ГИ СОБЕРИМЕ ОД ИНАЕТ ТИЕ ПАРИ И ЌЕ ГО ИСЧИСТИМЕ КЛУБОТ. АМА ВАС ОВА ЌЕ ВИ БИДИ ПОСЛЕДЕН БОЖИЌ И БЕЛ ДЕН ВО ЖИВОТОТ.

ПОЗДРАВ ДО СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ФИРМИТЕ, ДИРЕКТОРИ, СОВЕТНИЦИ, ПРЕТСЕДАТЕЛИ И СЛИЧНО… ОД ВТОРНИК НИЕ СМЕ НА РЕД !!!

ЧКЕМБАРИ Е ИМЕ НАШЕ
ПЕЛИСТЕР Е ЖИВОТ НАШ !

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.